Бектеши во Топ тема: Самиот Таравари се изјасни дека не го интересира претседателската функција, а ноќта на 24 април почнаа да плачат дека имало кражба на гласови

 

Крешник Бектеши од ДУИ вечерва гостуваше во емисијата “Топ Тема” на ТВ Телма каде се разговараше за резултатот од претседателските избори.

“Арбен Таравари јавно преку медиумите изјави дека не го интересира претседателската функција, а ноќта на 24 април почнаа да плачат дека имало кражба на гласови и притисоци“, изјави Крешник Бектеши во Топ Тема.