Додека многумина сметаат дека момент/миг нема точно одредено траење туку дека подразбира краток временски период, оваа временска одредница сепак значи траење од 90 секунди.
Бидејќи многумина изразот момент или миг го користат за да објаснат дека нешто нема да бара многу време, многу често се смета дека даваат точна временска одредница.
Сепак, сите овие години, се чини дека на луѓето на кои им велиме дека нешто ќе направиме за момент им даваме точна одредница.
Зборот „момент“ всушност значи 90 секунди време, а првото спомнување на моментот придружено со точно специично време потекнува од 1398 година во Оксфордскиот речник по англиски јазик.
Писателот Џон од Тревизо вели дека постојат 40 моменти во еден час – што значи дека моментот трае 90 секунди.
Но, Оксфорд одтогаш го сменил значењето на „многу кратко време“.
Точното значење на моментот како единица време потекнува од средниот век, кога движењето на сенката на сончевиот часовник покривала 40 моменти во соларниот часовник. Должината на соларниот часовник зависела од денот, кој исто така, варирам од сезона до сезона.
Во модерни секунди должината на моментот никогаш не била фиксна, но во просек моментот би изнесувал 90 секунди.