Народниот правобранител, г-дин Насер Зибери во врска со состојбата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена се без струја) поради, како што информираат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаница, апелира до претпријатието и до надлежните институции, пред се до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземе сите мерки и да ги обезбеди предусловите за санирање на дефектот, со што би се нормализирала состојбата со снабдувањето со електрична енергија во општината.
Кaко што информира Народниот правобранител, до неговиот кабинет е поднесена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои потенцираат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошената енергија, во оваа ситуација, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (расипана е храната складирана во фрижидерите), но и не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а со одложување на санирањето на дефектот се и дискриминирани.