Двојно убиство се случило вчеравечер во Кратово, откако 37-годишна жена со нож ги убила сопругот и свекорот.Како што информираат од МВР, починатиот сопруг бил на 38-годишна возраст додека пак неговиот татко имал 63 години.
По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.