Клубот Анжи Махачкала во кој настапуваа Самуел Ето, Роберто Карлос, Вилија, Ласана Диара…Повеќе не постои.

Анжи не беше многу познат на пошироката фудбалска јавност кога се до 2011 година не избори пласман во руската Премиер лигата. Пред појавата на финансискиот фер-плеј огромни средства во клубот вложуваше олигархоот Сулејман Керимов.

Освен познатите играчи за тренер беше донесен и славниот Гус Хидинк, но сепак и во тие денови не го освоија руското првенство. На европска сцена најголемиот успех им беше нокаут фазата во Лигата на Европа во 2013 година, тогаш беа елиминирани од Њукасл.

Сопствениците не можеа стабилно да го водат клубот, па така не добија лиценца за настап во третата лига.

Коментари