Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, претпладнево во 08:28 часот, е почувствуван во Скопје и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот, како што се посочува, бил на 26 километри североисточно од Скопје во соседно Косово.