Во своето ноќно видео обраќање до нацијата, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја опиша ситуацијата во источниот регион Доњецк, кој е под силен напад на руските сили, како пекол.

„Нападите на Писк и Авдијевка се пекол што не можам да го опишам со зборови. И покрај пратките на американски ракети, сè уште не можеме целосно да ја скршиме руската надмоќ во артилерија и жива сила“, рече Зеленски, пренесува „Киев Индипендент“.

Украинскиот претседател во неделата објави дека украинската влада одлучила да изврши задолжителна евакуација на населението од источниот регион Доњецк, местото на жестоки борби со руските сили.