Вчера почина 15-годишно дете додека пливало на плажата Неа Фогитос на Халкидики, а според информациите на „Прототема“, обдукцијата покажала дека причина за смртта е давење.

Во следниот период се очекуваат и резултати од хистолошки прегледи за да се покаже дали 15-годишното дете загубило свест од друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.

Момчето било починато кога го извлекле на брегот, па обидите за реанимација биле неуспешни.