До овој момент нема индиции за разделба помеѓу Јувентус и тренерот Масимилиано Алегри, пренесува „Газета дело Спорт“.

После лошиот старт на сезоната, а особено после поразот од Бенфика на домашен терен, се засилија шпекулациите за отказ на Алегри.

Навивачите го исвиркаа тренерот и преку социјалните мрежи бараат негова смена, а медиумите веќе почнаа да шпекулираат со имиња за негови заменици.

Според информациите засега раководството на Јувентус не планира да му врачи отказ, најмногу поради фактот што Алегри има долг договор и заработува 9 милиони евра по сезона.

Тоа значи дека „старата дама“ отказот на тренерот ќе ја чини околу 25 милиони евра, а тоа Јувентус во овој момент не може да си го дозволи.