Преку нашата Фондација ги поддржуваме оние кои гласно предупредуваат и со тоа придонесуваат во борбата против анксиозноста, депресиите и зависностите, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на фејсбук.
„Решението е во секој од нас, само треба да го пронајдеме. Пред некој да крене рака на сопствениот живот, да му ја подадеме нашата рака за помош“, напиша Заев.
Воедно, тој објави дека неговата Фондацијата, по повод Светскиот ден на превенција од самоубиства, со 180.000 денари го поддржала театарскиот проект „Сам против сите“, чија тема е борбата против анксиозноста и депресијата.