Стратегот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг бил разочаран после вчерашниот дебакл од Брентфорд и поразот од 4:0, па го откажал денешниот слободен ден кој требало да го имаат фудбалерите.

Под казна денес тие морале да се појават во тренинг центарот „Керингтон“ и да одработат цела сесија. Казната не била само да мора да тренираат туку требало да истрчаат и 13.8 километри.

Километрите не биле случајно одредени, туку точно толку помалку „црвените ѓаволи“ имале истрчано од Бретнфорд во натпреварот.

Брентфорд вчера истрча вкупно 109.4 километри, додека Јунајтед имаше 95.6.

Коментари