Вучиќ: Србија ќе биде во големи проблеми доколку не воведе санкции кон Русија

Претседателот на Србија рече дека Белград во последните недели е „како Казабланка” во однос на активностите на странските разузнавачки служби.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија во последните 24 години не била „во толку тешка ситуација“ и дека постојат „нескриени закани за нашата земја и нашиот опстанок“.

На церемонијата по повод 20-годишнината од формирањето на Безбедносно информативната агенција (БИА), Вучиќ рече дека во последните недели Белград е „како Казабланка“ во однос на активностите на странските разузнавачки служби.

„Кога имаме гости од Русија, откриваме луѓе од западните служби кои внимателно ги следат. Истото важи и кога доаѓаат гости од Запад. Ова покажува колку сите се заинтересирани еден за друг, но и за ова парче земја што би сакале да го зачуваме за себе и за идните генерации“, рече Вучиќ во седиштето на БИА во Белград. Тој оцени дека „живееме во време во кое дејноста на службата е најважна“, особено како што рече „според надворешниот фактор“.

„Целосно не по наша вина, западнавме во маѓепсан круг од кој се чини дека нема излез. Ако мислите дека би било доволно ако утре кажеме дека воведуваме санкции кон Русија, би нѐ тапкале по рамото пет дена и потоа би ни кажале дека треба да одлучиме за иднината и за „вистинската страна на историјата“, што нема многу врска со аргументите, но тоа ќе значи дека вие сте на нивната страна во секое време“, рече претседателот на Србија.

Тој оцени дека „десната страна“ и порачува на Србија да се откаже од Косово, а дека за возврат ќе добијат „мал подарок“.

„Ако ви текне да одбиете самоукинување, тогаш сте во неволја. Мене никој не ми се заканува како Александар Вучиќ, туку отворено ни се заканува на нашата земја и нашиот опстанок. Ова е првпат да го кажувам ова на вака отворен начин. Велат проблем се ѝ бегалците. И за тоа ќе се договориме, но и тоа нема да биде доволно, тоа нема да биде ни вест“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека Србија е под притисок бидејќи сака да има право на свое мислење.

„Во иднина не чекаат тешки избори и многу проблеми. Секаде има само интереси. Така многумина од истокот ќе се обидат да сме вовлечени во проблеми што е можно повеќе, а да не зборуваме за лицемерието на оние од Западот. Ќе има малкумина од нас кои имаат само една земја, кои мислат само за интересите на Србија, бидејќи некои би сакале да им се додворуваат на западните амбасади, а други имаат априори херојски став“, рече Вучиќ.

Тој ги повика членовите на БИА „да ја сакаат, чуваат и заштитат Србија“.

„Нема да се откажам од тоа барање за БИА“, изјави Вучиќ кому директорот на БИА, Братислав Гашиќ му ја врачи јубилејната плакета на таа служба.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...