Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по пристигнувањето на Самитот на лидерите на ЕУ за Западен Балкан во Тирана изјави дека на овој состанок присуствува не само поради неговото пријателство со Албанија, туку и затоа што, како што рече, секогаш е подобро да се бидете на маса, кога има разговори, бидејќи кога не сте на маса, тогаш обично сте на менито, а тоа сите едвај го чекаат.

„Ова е добра можност да се заштитат интересите на Србија“, рече Вучиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање со кого ќе се сретне за време на Самитот, тој ја истакна средбата со холандскиот и белгискиот премиер, но и специјалната средба со италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Вучиќ во Тирана се сретна и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Многу добар разговор со Урсула фон дер Лајен. Се заблагодарив за помошта од 165 милиони евра за српскиот енергетски сектор и разговарав за сите актуелни прашања меѓу Србија и ЕУ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.