Во исто време, косовскиот премиер испраќа пораки дека е подготвен да му „подаде рака“ на Вучиќ доколку Србија се согласи да се откаже од гранични контроли во иднина.
Вашингтон и Брисел заеднички се обидуваат да спречат нови тензии меѓу Белград и Приштина пред 1 септември, за кога косовската влада го одложи спроведувањето на реципрочната одлука за личните документи и регистарските таблички, но во тридневните разговори со лидерите на двете страни оваа недела не е направен чекор поблиску до договор и решение.
Александар Вучиќ оцени дека е само прашање на време кога ќе дојде до поголема криза и рече дека нема да има напредок во понатамошниот дијалог доколку Косово не почне да ја исполнува обврската од Бриселскиот договор од 2013 година за формирање Заедница на српски општини.