Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, по обраќањето пред учесниците и гостите на самитот на иницијативата „Отворен Балкан“, дека мирот и стабилноста се од клучно значење за сите земји кои учествуваат во иницијативата Отворен Балкан, без оглед на тоа што тие немаат исти мислења за сите политички настани и прашања.

„Важно е добро да разбереме дека мирот и стабилноста се од клучно значење за нас“, рече Вучиќ и побара од ЕУ повеќе разбирање за регионот.

Тој посочи дека сите земји од Балканот кои учествуваат на Самитот се на европскиот пат и дека се посветени на тој пат, но истакна дека заклучиле дека мора да го направат тоа што е во нивна моќ.

Претседателот на Србија денеска им се заблагодари на претставниците на Европската унија што ја почитуваат одлуката на Србија, Албанија и Северна Македонија да создадат проект како „Отворен Балкан“ и изрази надеж дека во иднина повеќе земји ќе бидат дел од тој проект.

На самитот во Белград, кој се одржува во рамки на „Отворен Балкан“, Вучиќ му се заблагодари на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој им се обрати на учесниците на состанокот преку видео порака во која ја истакна важноста на регионалната соработка, како како и амбасадорот на Европската унија во Србија, Емануел Жиофре, кој присуствува на денешниот самит.

„Верувам дека е важно и сигурен сум дека луѓето од ЕУ, на кои сум им благодарен, засега ја почитуваат одлуката на луѓето од Западен Балкан, нашите три земји и се надеваме дека ќе има повеќе партнери во иднина самите да креираме конкретен проект, затоа што секогаш најдобрите идеи имаа смисла дури кога беа имплементирани овде на Балканот“, рече Вучиќ.

Затоа, посочи, е важно да ја имаме поддршката од сите важни сили и големи држави, но и од нашите соседи.

 

Тој испрати порака до европските партнери:

„Барам од нашите европски партнери да покажат онолку почит колку што покажуваме ние кон нив, да покажат исто толку почит кон нашиот регион и кон сите нас. Се разбира, Европската Унија е најголемиот инвеститор, а Европската Унија е исто така некој кој ги разбира и ги претставува нашите цели и аспирации на најдобар можен начин, но ние само бараме со нивните проблеми или и покрај нивните проблеми, тие да покажат малку повеќе разбирање за нас. Еден од оние кои ги разбраа проблемите на Западен Балкан и се обидуваа да ни помогнат е речиси секогаш Оливер Вархеј“, рече претседателот на Србија.