Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 11 степени, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 7 до 26 степени.

Времето и утре ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.