Физичка пресметка меѓу двајца колеги во фирма од скопското село Петровец се случила вчера, а 36-годишен вработен пријавил дека го нападнала негова колешка, соопшти МВР.

„На 22.06.2022 околу 12.20 часот во Полициското одделение Петровец, Б.Н.(36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с.Петровец, скопско, бил физички нападнат од неговата колешка К.А.М.“, се вели во полициското соопштение.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.