Ноќеска (13 октомври) околу 1 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Тетово, во близина на бензинска пумпа на излезот од Гостивар, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 29-годишниот Е.Р. од гостиварски Вруток, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.