Голем пожар што избувна во околината на Прешево, во непосредна близина на автопатот Е-75 меѓу стариот пат Бујановац – Прешево, се уште гори во близина на населени куќи, соопшти Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Горат 50 хектари борова шума, а РТВ Врање јавува дека од пожарот е зафатена боровата шума кај селото Црнотинце и сува трева и ниска вегетација на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце. Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот, се чека хеликоптер да го изгасне пожарот од воздух.