Повеќе од 5 години ја гледаме на малите екраните и е дел од екипата на ТВ 21, но исто така таа е и една од најпознатите инфлуенсерки кај нас. Алмедина секогаш внимава на својот изглед и e дама која е стокмена и дотерана според приликата.

Така пред неколку дена за настан таа носеше црн фустан припиен за нејзиното тело со шлиц кој ја истакна нејзината фигура.

Моделот е класика, а познатата водителка целата комбинација ја заокружи со нежна шминка и кармин во црвена боја кој даде посебна нота на целокупниот изглед.

Изгледот на Алмедина може да го ископирате и вие и да заблескате на состанок, на вечерно излегување со пријателките или за друга пригода.