Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) БЕСА доби 9.620 гласа и освои 12 советнички места. Потоа следува ДУИ со 8.702 гласа и 11 советнички места, ВМРО – ДПМНЕ освои 3.332 гласа и ќе има четвроица претставници во Советот, СДСМ со 1.953 гласа освои две советнички места а по еден советник ќе имаат Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1.058 гласа.

Споредено со претходниот состав на советот на Тетово, победник е БЕСА која тогаш имаше 8 советници а сега има четири повеќе, како и ДУИ кои имаше 10 советници а сега еден повеќе. Алијанса во минстиот состав имаше тројца советници а сега не освои ниту еден како и ДПА кој загуби едно место. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стануваат како претходно, со четири односно два советника. Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник.

Лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, се огласи по прогласувањето победа.

„Беса победи денеска во коалиција со тетовци затоа тие се победници на оваа трка и тетовци ја заслужуваат мојата бескрајна посветеност до крајот на мандатот“, изјави Касами.