На територија на Скопје вчера за време на сообраќајните контроли изречени се вкупно 163 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за минување на црвено светло, шест санкции за некористење сигурносен појас, информира МВР и предупредува дека ќе се продолжи со секодјенвните засилени акциски контроли.