Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата во Скопје изрече вкупно 115 мерки, меѓу кои 69 за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола и три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Исто така, изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, три за нерегистрирани возила, како и три мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.