Во Прилеп почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание

Со традиционалниот импровизиран напад на Участакот, пред Меморијалниот музеј „11 Октомври“ и со огномет, вечер Прилеп го почнува одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание и 81 годишнината од почетокот на антифашистичката борба во 1941.

Традиционалниот импровизиран напад вечер од 19,45 часот на некогашниот Участак, денес Меморијален музеј „11 Октомври“ е потсетување на виорните настани пред 81 година кога со нападот на тогашниот Участак на групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ е означен почетокот на антифашистичката борба во Втората светска војна. На прилепчани, на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе им се обрати градоначалникот Борче Јовчески. Октетот „Прилеп“ ќе одржи концерт, а потоа и бендот „Peaches“.

Традиционално вечер и утре на празникот Меморијалниот музеј „11 Октомври“ е отворен за посетителите.

Во чест на празникот од 20 часот во центарот за современа ликовна уметност ќе биде отворена изложбата на Зоран Кардула под наслов „Star Wars & Makedonium“. 

Утре на празникот, делегации од владата предводена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, делегација на борците, од локалната самоуправа, на здруженија и граѓани ќе положат цвеќиња и ќе се поклонат пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ, пред споменикот на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски Питу и на Могилата на непобедените каде се моштите на 650 борци од НОБ и Револуцијата. Чествувањата утре почнуваат од 9.30 часот.

Во рамките на одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, во центарот на Прилеп утре од 10 до 15 часот ќе се одржува автомобилско шоу.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...