Денеска во Осло и Стокхолм ќе се доделат Нобеловите награди, а во Осло најпрестижната, онаа за мир, на белорускиот активист Алес Бјалјак, организацијата за човекови права Меморијал од Русија и Центарот за граѓански слободи од Украина.
Останатите награди, чии победници беа објавени во октомври, ќе бидат доделени во Стокхолм.
Оваа година, наградата за медицина оди во рацете на шведскиот генетичар Сванте Пајаб.
Нобелови лауреати за физика се Ален Аспект, Џон Ф. Клаузер и Антон Цајлингер, а наградата за хемија ќе им биде доделена на Каролин Р. Бертоза, Мортен Мелдал и Карл Бери Шарплес.
Нобеловата награда за литература ја доби француската писателка Ани Ерно, а лауреати за економија беа Бен С. Бернанке, Даглас В. Дајмонд и Филип Х. Дибвиг.
Нобеловите награди традиционално се доделуваат на 10 декември, годишнината од смртта на Алфред Нобел.
Секоја награда на добитникот му носи чек во износ од 10 милиони шведски круни (900.000 евра).
Доколку има повеќе добитници, таа сума се дели меѓу нив,пренесе Индекс.хр.