Раководството на Јувентус остварило контакт со Антонио Конте со идејата да го врати тренерот на чело на тимот, пренесува познатиот новинар Танкреди Палмери.

Оваа сезона Јувентус има лоши резултати под водство на Макс Алегри и се погласни се шпекулациите за негова смена.

Раководството на Јувентус веќе бара решение за ситуацијата, а во случајов станува збор за евентуално доаѓање на Конте на крајот на сезоната.

Во петок Бордот на директори ќе има состанок на кој ќе се донесе одлука за евентуален отказ на Алегри. Доколку биде избркан ќе биде поставен привремен тренер до крајот на сезоната, а планот е после да биде назначен Антонио Конте.

Сепак, тоа нема да биде лесна мисија бидејќи Конте има договор со Тотенхем, но „старата дама“ уште сега го спрема теренот за негово враќање.

Коментари