Во Грција потврдени случаи на новите подваријанти на омикронот-BQ.1 и BQ.1.1, кои се очекува да станат доминантни во Европа

Грција– Во Грција се потврдени вкупно 15 случаи на подваријантите BQ.1 и BQ.1.1 на сојот омикрон, за кои Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) очекува до средината на ноември и почетокот на декември да станат доминантни кај повеќе од половината потврдени случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за подваријанти на варијантата ΒΑ.5 на мутацијата Омикрон, а во Грција, според податоците од Националната организација за јавно здравје, во периодот од 1 септември до 18 октомври биле потврдени десет случаи на BQ.1 и пет на BQ.1.1.

Од Европскиот центар за превенција и контрола на болести во петокот соопштија дека во некои земји на Европската унија е откриена подваријантата BQ.1, која од 20 октомври 2022 година, ЕЦДЦ ја означи како варијанта на интерес (VOI).

Согласно нивните модели, се очекува до средината на ноември и почетокот на декември над 50 отсто од заразените со Ковид-19 да се должат на BQ.1/BQ.1.1, а до почетокот на 2023 година, кај повеќе од 80 отсто од случаите да бидат доминантни овие варијанти.

-Оваа варијанта (BQ.1) и нејзините подваријанти веројатно ќе придонесат за дополнително зголемување на случаите на Ковид-19 во Европската Унија и Европската економска зона во следните недели и месеци, соопштија од ЕЦДЦ во петокот и додадоа дека врз основа на ограничените достапни податоци, нема докази дека подваријантата BQ.1 е посериозна од постоечките варијанти BA.4/BA.5.

Освен новите подваријанти, во конкретниот период во Грција се потврдени и 35 случаи на подваријантата BA.2.75 на BA.2, позната како Кентаур, а во земјата има вкупно 66 случаи на ова подваријантата.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...