Бродот „Јаохар Раним“ со 6 илјади тони пченица од Украина денеска пристигна на пристаништето во Драч. Бродот се закотви на стовариштето бр. 2 од пристаништето во Драч утрово, а пченицата е донесена за компанија за брашно во Албанија.
Ова е првиот брод што доаѓа од Украина од почетокот на војната таму. Натоварен во Измаил, Украина, бродот замина на 28 јули, врз основа на договорот постигнат меѓу Русија и Украина, да се дозволи извоз на залихи од жито што беше заглавено во силосите поради војната.
Измаил е најголемото украинско пристаниште на устието на Дунав, во Одеса. Минатата недела турските власти соопштија за уште еден брод кој на 1 август тргнува од Одеса кон Либија, но бродот „Јаохар Раним“ прв ја отвори портата на движењата, по нападите што почнаа од Русија во февруари годинава.