
Од денес Португалците и официјално се во потрага по нов селектор затоа што Фернандо Сантош доби отказ по настапот на Светското првенство.
Мароко пишува историја! Можат и со Франција! – 21 ден ↓↓↓




По отказот на Сантош посебно внимание привлече Жозе Мурињо. Мурињо во претходниот период се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а токму денес кога Сантош доби отказ тој пристигна во Португалија.




Мурињо пристигна во Португалија со својата Рома на кратки подготовки.




Португалскиот весник „А Бола“ пренесува дека Мурињо е во потесниот круг кандидати за нов селектор на Португалија.




Споменатиот медиуми додава и дека ако се постигне договор Мурињо за свој помошник би го земал Руи Жорге кој би ја водел селекцијата до јуни надгледуван од „Специјалниот“, а по завршувањето на сезоната Мурињо би ја започнал својата епизода како селектор.