ВМРО-ДПМНЕ во моментов ужива поголема поддршка од граѓаните во споредба со останатите партии, покажува најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија.
Според анкетата, доколку утре има избори, за најголемата опозициска партија би гласале 19% од испитаниците, а за владеачката СДСМ 11%.
За ДУИ би гласале 7%, за Левица – 6%, не би гласале 12%, а 21% не знаат за кого би гласале.
Анкетата е спроведена од Брима врз репрезентативен примерок од 1,207 испитаници во периодот од 23 септември до 13 октомври.