Јувентус во изминатата вечер играше против Барселона, а Душан Влаховиќ го пропушти овој натпревар поради болки во грбот, но смета дека тоа нема да биде проблем затоа што брзо ќе биде спремен.

Српскиот напаѓач си постави и своја цел.

„Ќе дадам 30 голови, но досега најдобрите стрелци во шампионатите ретко доаѓале од шампионскиот тимови. Тоа ќе го променам, 30 голови и титула, тоа е мојата цел“.

Дали беше тешко да го избере Јувентус.

„Не, затоа што тоа е клуб кој е заоснован на принципите на кои јас се водам, а тоа е борба до крај. Изгубивме финале во купот, на крајот се пласиравме во Лигата на шампионите, но само пласман за ваков клбу не е доволен. Јас имам простор за напредок, некои играч напредуваат и на 35 години, а замислете колкав е тој простор ако имате 22“, порача Влаховиќ.