Душан Влаховиќ се најде во стартниот тим за Србија и постигна гол против Швајцарија, но тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз (2:3).


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? – 14 ден ↓↓↓


Меѓутоа, она што крена прашина е начинот на кој Влаховиќ го прослави голот, бидејќи се фати за меѓуножјето, што многумина го протолкуваа тој потег како неспортска порака.

„Прославата на голот беше спонтана. Тоа што го направив не беше наменето за некого. Имав добра енергија. Нема проблеми меѓу мене и Пикси. Моравме да бидеме подобри за да ја поминеме групната фаза. Меѓутоа, сега се фокусираме само на Европското првенство“, изјави Влаховиќ.