Владата денеска донесе Одлука со која се одобруваат финасиски средства во висина од 3. 100.000.000, 00 денари на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија за справување со кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија во државата.
Овие средства се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија со чии средства Електрани на Македонија треба да обезбедат дополнителни количини на електрична енергија за зголемување на производството на електрична енергија како и за обезбедување на потрените суровини како јаглен, мазут и други средства со цел успешно справување со енергетската криза.