Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми за 11,3 % и достигна 31.871 денари

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 %  во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...