Влада демантира: Не е направена промена на песната „А бре, Македонче“ со политичка позадина

Владата остро демантира дека постои цензура или каква било произволна измена на текст на песна, со политичка позадина, во однос на вчерашната изведба на „А бре, Македонче“, химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна.

-На настанот е користен автентичен аранжман чија хармонизација е правена од Драган Шуплевски, потврдена од Национална опера и балет и Сојуз на композитори. Хармонизација на аранжманот според нашите сознанија е правен во доцните седумдесетти односно рани осумдесетти, велат од Владата за „Локално“.

Од таму во прилог ја приложија и партитурата која е користена за изведбата на вчерашниот настан.

Песната „А бре Македонче“ е напишана од Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а Ордан Михајлоски – Оцка ја компонираше.

Вчера во Куманово пред Спомен костурницата на централната прослава на 11-ти октомври, хорот наместо „клетите фашисти“ го испеа стихот „душманите клети“. Дел од медиумите блиски до опозицијата, ова го оценија како скандал.

Н.П.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...