Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓
Лука Модриќ, Тони Крос и Касемиро одбележаа една ера на Реал и светскиот фудбал. Во текот на осум години (2014-2022), тие го водеа клубот до три шпански и четири европски титули и останаа запаметени и пофалени како можеби најдоброто трио играчи од средниот ред во историјата.
Единствениот сомнеж е меѓу нив и триото на Барса, Чави, Иниеста и Бускетс.
Сепак, триото MCK или CMK, како што ги нарекуваа, се раздели минатото лето. Реал тогаш ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед од 70 милиони евра за Касемиро. Објаснувањето беше дека толкава сума пари не може да се одбие за 30-годишник.
Модриќ и Крос така останаа без Касемиро, а Реал во првата сезона без Бразилецот и без двете големи титули освоени со него.
Сега повторно се сретнаа на подготвителниот меч Реал – Јунајтед (2:0) во Хјустон. После тоа, триото гиганти долго разговараше на теренот, а им се приклучи и Карло Анчелоти.
Овие сцени станаа вирални меѓу навивачите на Реал и воопшто фудбалските навивачи бидејќи предизвикаа носталгија. По тој повод, хит меѓу мадриѓаните беше видеото на Томаш Ронсеро, познат шпански новинар и навивач на Реал, како плаче од емоции.
Kroos and Modric vs Casemiro tonight. pic.twitter.com/CQTFGD1oKB
— TC (@totalcristiano) July 26, 2023