Се појавија видеа од поплавен тунел кај јужниот сосед. Во невремето кое вчера ја зафати соседна Грција поплавен е цел еден тунел. Штета има и во предградието на Солун, Переа. Најголема штета на Халкидики има во местото Неа Каликратеа, каде многу куќи се поплавени.
Цивилната заштита претходно ги информирала жителите на градот за претстојното невреме, апелирајќи до граѓаните да го ограничат непотребното движење.