Седум села во централна Бугарија, кои се борат со големите поплави предизвикани од обилните врнежи, прогласија делумна вонредна состојба.

На видеата се гледаат последиците од пороите кои носеа автомобили и се пред себе.

Според властите, нема жртви или повредени.

 

Тешка е состојбата во селата Каравелово и Богдан, каде што е изграден привремен мост за да може да се доставува вода и храна до отсечените места.

На тие места синоќа со чамци и разни планинарски техники биле спасени 36 лица.

Претседателот Румен Радев го посети подрачјето погодено од поплавите.

„Најважно е да се погрижиме да нема луѓе кои се во опасност“, посочил Радев.