(Видео)Тинејџерка од Турција сакала да го фати мобилниот, па паднала од зграда

Безбедносните камери го снимиле застрашувачкиот момент кога турска тинејџерка паднала од зграда и загинала додека се обидувала да го дофати телефонот.

Трагедијата се случила на 12 октомври откако Мелике Гун Канавузлар (15) го фрлила мобилниот телефон додека била на врвот на зграда во градот Ортача во западната турска провинција Мугла, објавија локалните медиуми. Кога девојчето се обидело да го грабне телефонот во лет, изгубила рамнотежа и паднала од четири ката на тротоарот.

Вознемирувачката снимка од 11 секунди, снимена од безбедносните камери на соседните згради, прикажуваат случајна минувачка како оди по тротоарот пред зградата кога го видела мобилниот телефон што паднал на земја.

Во моментот кога почнала да се доближува до апаратот, таа брзо се повлекла кога телото на Мелика толку силно удрило во бетонот до неа што се одбило.

После тоа, девојчето итно било пренесено во болница во критична состојба, пред да биде префрлено на Одделот за интензивна нега во градот Мугла во југозападна Турција, објави „Њузфлеш“. Издржала неверојатни 18 дена пред да им подлегне на повредите. Канавузлар била погребана на 30 октомври.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...