Со Пељешкиот мост, кој свечено ќе биде отворен вечерва, ќе се поврзе југот на Хрватска со остатокот од земјата, а историскиот настан се одбележува во текот на целиот ден со програма што се одвива од двете страни на мостот на одморалиштата кај Бријест и Комарно.
Мостот, чија целата челично-бетонска конструкција под и над водата заедно тежи дури колку 30 Ајфелови кули, е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на ЕУ со грант од 357 милиони евра (85 отсто од трошоците), а не него во текот на десет години работеа неколку влади.
Мостот е интегрална хибридна конструкција со 13 распони, од кои пет се главни (централни) распони долги 285 метри, шест централно поставени армирано-бетонски столбови високи 33 метри и две ленти заедно со постојка што ќе се користи за одржување на мостот.
Мостот преминува преку морски теснец широк 2140 метри, долг е 2404 метри, со навигациски профил под мостот од 200 на 55 метри, а негов главен и одговорен проектант е Марјан Пипенбахер.
Вкупната вредност на проектот се проценува на 420,3 милиони евра и опфаќа изградба на мост, пристапни патишта и обиколница кај Стон. Мостот го изгради кинеската државна компанија „China Road and Bridge Corporation“, објавија хрватските медиуми.