Големиот пожар кој ја зафати зградата висока 218 метри во која се наоѓаат канцелариите на „China Telecom“ во градот Чангша на југот на Кина се прошири на неколку десетици ката.

Засега нема пријавени жртви.

„Голем чад излегува од зградата, а неколку десетици ката горат“, објави CCTV, додавајќи дека пожарникарите почнале да го гасат оганот и да спроведуваат спасувачки операции.

Според локалната противпожарна служба, на терен се ангажирани 36 противпожарни возила и 280 пожарникари.

Прелиминарните податоци покажуваат дека се запалил надворешниот ѕид на зградата. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како пламен пламнува низ зградата и огромни оброци чад се издигаат кон небото.

Засега не се знае точната причина за пожарот.