Премиерот Димитар Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино, заедно со домаќинот, српскиот претседател Александар Вучиќ, и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, и други беа на вечера во ресторан во Белград.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на инстаграм-профилот „Будуќностсрбијеав“ објави видео од ресторанот во кој заедно со Ковачевски и Милатовиќ ја отпеа песната „Дајте вина, хоќу лом“.
Во опуштена и позитивна атмосфера, со кренати чаши, Ковачевски Вучиќ и Милатовиќ ја пееја „Дајте вино, хоќу лом“.
„Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија!“, напиша Вучиќ.