Се чини дека интервјуто на Кристиано Роналдо кое го даде пред два дена, а во кое упати отворени критики до Манчестер Јунајтед, раководството и стручниот штаб, ќе има големо влијание врз понатамошниот тек од неговата кариера.

Откако утрово се појави видео од соблекувалната на португалската репрезентација каде Бруно Фернандеш „ладно“ се поздравува со Роналдо, сега се појави уште едно видео, каде се гледа дека Кристиано е игнориран од сите соиграчи.

На видеото се гледа дека никој не разговара со Роналдо,  а Кансело луто одбива да се поздави со него.

Очигледо дека Роналдо е непосакуван во соблекувалната, а дали тоа ќе се одрази на теренот останува да видиме.