(Видео) Нова божиќна реклама ги налути Британците

Британската компанија Very.co.uk, која се занимава со онлајн трговија, во саботата објави божиќна реклама.

Сепак, гледачите не се задоволни бидејќи се појави прерано, во октомври. „Божиќ не е само еден ден, туку многу денови“, вели актерка во рекламата на која е прикажана мајка која рано го слави Божиќ.

„Колку и да го сакам Божиќ, смешно е веќе да се прави божиќна реклама. Уште не е ни Ноќта на вештерките“, напиша еден гледач, додека друг додаде: „Има божиќна реклама во октомври, тие се виновни“.

Трет пишува: „Давам сè од себе да може секоја година првата божиќна реклама што ќе ја видам да е за Кока-кола. Не ми се верува дека оваа година ми ја уништи проклетиот Very.co.uk ни две цели недели во октомври. Дури ни Ноќта на вештерките не поминала“.

„Тоа е она што не е во ред со Божиќ во последниве години – почнува 12 недели пред вистинскиот датум. Многу смешно”, вели друг гледач.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...