Во близина на Санкт Петербург во Русија експлодира гасовод, предизвикувајќи голем пожар кој можел да се види со километри.

Според руското министерство за итни ситуации, експлозијата ја предизвикал дефект на гасоводот и никој не е повреден.

Притисокот во гасоводот по инцидентот е намален, а блиската термоцентрала е префрлена на мазут за да се обезбеди непречено снабдување со топлинска енергија, напиша гувернерот на регионот Александар Дрозденко на Твитер.

Претходно денес најмалку девет лица, вклучувајќи четири деца, загинале во експлозија на гас на источниот руски остров Сахалин, јавија руските агенции. Првичните информации упатуваат на истекување на гас.