Плажа во Бразил е преплавена со крокодили, а едно лице сугерира дека за тоа може да се виновни климатските промени. На еден брег се снимени огромни влекачи, се претпоставува дека ги имало илјадници, а оваа појава предизвикала страв и паника кај локалното население.

Видеото од крокодилите на плажа беше поставено на Твитер и веднаш стана вирално, собирајќи речиси четири милиони прегледи.

Кен Рутковски, кој го постави видеото, тврди: „Во Бразил има инвазија на крокодили кои поплавија една од плажите, веројатно илјадници, а локалното население е во паника“. И покрај фактот што видеото се рашири молскавично на социјалните мрежи, многу луѓе во коментарите се сомневаат во валидноста на тврдењето дека крокодилите ја „нападнале“ плажата и дека оваа појава е ненормална.

Според еден корисник, одредени информации за крокодили не биле споменати во објавата. „Тоа се „iacare“ кајмани и како и другите крокодили, и тие се ектотермични или „ладнокрвни“. За да ја подигнат својата телесна температура доаѓаат на копното, и се изложуваат на директна сончева светлина. Според ова, оваа не е плажа каде што се бањаат луѓе, како што е прикажано во подолгите верзии на видеото“.

Друг корисник дал дополнителни информации за локацијата на која биле видени суштествата. „Ова е во мочуриштата Пантанал во Бразил, кои се околу 10 пати поголеми од Еверглејдс и дом на 10 милиони кајмани, кои се крокодили кои се собираат околу водата за време на сушната сезона за да ловат риба и да се разладат“, се вели во твитот. Корисникот на Твитер по име „DrVildlife“ ги повтори мислите на другите велејќи: „Ова не е инвазија, локалното население не треба да паничи. Оваа „плажа“ е дел од Пантанал, најголемото тропско мочуриште“.

Погледнете го видеото: