Што се случи во Арачиново, дали се реши проблемот?

Најпрво ви благодарам за можноста да ја објасниме ситуацијата на енергетската криза, но поконкретно и случајот во Арачиново затоа што стана тема на национално ниво, иако станува збор за една општина, би кажал во моментот рурална општина. Во општина Арачиново верувам дека е решен проблемот, екипите на ЕВН веќе почнале да интервенираат во санирањето на дефектите кои се случија во општина Арачиново и ова да биде еден пример на успех и еден пример во форма на поука на правилен начин за тоа како преку дијалог, преку транспарентност ситуациите можат да се решат со директна комуникација и со граѓаните и низ другите општини, како што постапивме во општина Арачиново, да ги минимизираме загубите на електричната енергија, во електро – дистрибутивната мрежа на Северна Македонија.

Каде да се пожалат граѓаните на кои им стигнуваат високи сметки за струја?

Методологијата за утврдување на цената на електричната енергија од 1 Јули оваа година е променета и може да дојде до проблем во делот на читањето на струјомерите, затоа што во моментот за утврдување на цената функционираме со четири блок тарифи за домаќинствата и има посебна тарифа за индустријата. Затоа, сите граѓани во моментот што ќе примаат високи сметки за струја треба да ги прочитат струјомерите и ако не се совпаѓаат со податоциите кои ги имаат на нивните сметки веднаш да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија, но и директно да ја информираат ЕВН која е задолжена за дистрибуцијата на електричната енергија во нашата земја и кои во рок од 48 часа ќе интервенираат и ќе ги поправат евентуалните грешки кои можат да се случат во сметките. Но, најважно е да се напомене фактот дека целта на промената на методологијата со поставувањето на блок тарифите е правилна одлука, одлука според која тој што троши повеќе, плаќа повеќе и тој што троши помалку електрична енергија, плаќа помалку исто како што плаќал со старата методологија.

Министерот Бесими најави нов пакет на мерки за помош на граѓаните, кажете ни малку повеќе околу овој пакет мерки? Што се предвидува поконкретно?

Ние денес имаме седница на Економскиот совет каде во детали ќе ги продистутираме сите предлози кои произлегуваат од стопанските комори, кои произлегуваат од различни синдикати, но истовремено и од различни групи на интерес кои се соочинуваат од група граѓани на Северна Македонија. Воглавно нови мерки ќе бидат таргетирани мерки, за семејствата кои имаат највеќе потреба, кои имаат ниски примања, нема да бидат сеопфатни мерки кои ќе се однесуваат на сите граѓани затоа што е ориентиран на тој начин за навистина да им се помогне на ризичните категории на граѓани, иако тоа веќе се случува преку Министерството за труд и социјална политика, но со инфлацијата, енергетската криза, ние сметаме дека семејствата со ниски примања имаат потреба дополнително да им се помогне од страна на државата.

Каква е ситуацијата со електричната енергија, дали граѓаните треба да останат смирени и да не прашуваат дали ќе имаме електрична енергија во зимскиот период?

Што се однесува до електричната енергија, доколку зборуваме за количините на електрична енергија направени се подготовки, од 1 Ноември ќе се стават во функција сите капацитети за производство во Северна Македонија, сите блокови во рамките на РЕК Битола, РЕК Осломеј, но истовремено и двата блока на термоелектраната во Неготино ќе бидат во функција од 1 Ноември за исполнување на потребите за потрошувачка во Северна Македонија од страна на домаќинствата и од страна на микро и макро компаниите. Ние веруваме дека ако оди се според планот за производство на ЕСМ, не очекуваме дека ќе има рестрикции во Северна Македонија, но ова е многу непредвидлива ситуација бидејќи што се однесува до снабдувањето со природен гас зависиме директно од Русија, речиси од природниот гас го имаме од Русија, имаме само една поврзувачка линија преку интерконекторот со Република Бугарија. Не може да го промениме во моментот снабдувањето со природен гас, но оваа ситуација верувам дека ќе ја решиме многу брзо бидејќи имаме неколку опции што се однесува на снабдувањето со природен гас. Во моментот, Република Северна Македонија се снабдува преку интерконекторот со Република Бугарија и за потребите на компанијата ТЕТО која се занимава со производството на електрична енергија од природниот гас, но и за потребите на индустријата воопшто, но во периодот на зимата потрошувачката се зголемува за речиси четири пати бидејќи се зголемува потребата и од страна на топланите кои го снабдуваат Град Скопје со термална енергија. Што се однесува до природниот гас, количините се обезбедени, сега геополитичките, геостратешките одлуки не зависат од Северна Македонија, но ние сигурно дека нема да останеме со рацете во џеб, ќе разгледаме и други алтернативи ако дојде до забрана во снабдувањето со природен гас од Русија за Северна Македонија.

До овој момент кога зборуваме, нема сомнежи дека ќе има рестрикции?

Не очекуваме да има рестрикции според планот за производство на ЕСМ. Треба да имаме во предвид дека може да се случи некоја хаварија, да падне некој блок како што за жал се случи во Република Косово, но јас сум убеден дека тоа нема да се случи бидејќи се прават сите подготовки и за обезбедување на производство во полн капацитет, освен реконструкцијата на едниот блок во Битола, ние сме порачале и еден целосен блок за да го замени било кој од блоковите доколку дојде до хаварија.

Дали Северна Македонија има стратегија за алтернативни извори на енергија?

Само што започнал функционирањето на стратегијата која предвидува стимулирање на инвестиции во обновлива енергија. Секое домаќинство има право да инсталира до 6 кW панели во нивните кровови, истото важи и за компаниите за да не бидат само потрошувачи на електрична енергија, туку и вишокот на производството да го дадат во мрежата врз основа на новиот правилник што се однесува на инвестициите во обновлива енергија за комерцијални прашања или за продажба на електрична енергија. Тоа веќе 3 години се случува во Република Северна Македонија и веќе се доставени до Регулаторната комисија за над 50 мегават за еден час како барање да се стават во мрежата. Тоа за брзо време ќе се случи и наредната година ќе имаме над 200 мегатави за еден час инсталирани како инвестиции директно во фотоволтаичните центри и за потребите на домашниот пазар, но и за тргување со електрична енергија.