(ВИДЕО) Бајден ги помилува сите претходни федерални пресуди за поседување марихуана

Американскиот претседател Џозеф Бајден презеде извршна акција за промена на американската политика за марихуана и ги помилува сите претходни федерални пресуди за поседување марихуана.
Бајден им нареди на гувернерите на сојузните држави да ги ослободат од затвор сите обвинети за поседување марихуана.

Бајден побара да се смени класификацијата на марихуаната во федералниот закон, каде што моментално е класифицирана заедно со ЛСД и хероин, но побара да останат ограничувањата за транспорт, продажба и забрана за малолетници.

Илјадници луѓе кои претходно биле осудени за поседување марихуана и кои можеби биле невработени, без дом или можности за образование, сега ќе бидат ослободени од негативните последици, рече Бајден.

Тоа беше едно од ветувањата на Бајден за време на изборната кампања.

И поранешниот премиер Зоран Заев се залагаше за легализацијата и декриминализација на канабисот

„Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност“, истакна Заев во декември 2020 година.

Заев тогаш посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

„Легализацијата на марихуаната во државата која што треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата односно околу 4%. Во Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто, ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор и ова е добар потенцијал што државата може да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места за развој на туризмот“ оцени тогаш премиерот Заев додавајќи дека искуствата покажале дека во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на хероин, на кокаин и на сите други тешки супстанци и дроги.

 

 

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...