Како што одминува сезоната во Серија А, Јувентус почнува да фаќа приклучок во горниот дел на табелата во Серија А и ја забележа петтата победа во низа во италијанското првенство.
Вечерва „старата дама“ направи нов чекор напред откако ја победи Верона. Верона беше победена минимално со 1:0. Не доминираше премногу Јувентус, посебно не во првото полувреме.
Ова беше натпревар со малку шанси, Јувентус ја имаше топката, а Верона знаеше од време на време да испрати некоја закана. Одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Моис Кин после еден час игра.
Во финишот од натпревар Алекс Сандро заработи црвен картон за еден прекршок пред шеснаесетникот, меѓутоа резултатот не се промени. Јувентус сега е трет со 28 бодови, два помалку од Милан и десет од лидерот Наполи.