Велика Британија соопшти дека повлекувањето на Русија од единствениот провинциски центар во Украина што го освои откако ја започна својата инвазија во февруари е уште едно понижување за нејзината војска, но оти Москва и понатаму е закана.
„Најавеното повлекување на Русија од Херсон претставува уште еден стратешки неуспех за нив. Во февруари Русија не успеа да заземе ниту една од нејзините главни цели освен Херсон. Сега, кога и таа е предадена, обичните граѓани на Русија мора да се прашуваат за што е сето ова“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас.
Додаде дека руската армија претрпела огромни загуби и дека Британија ќе продолжи со поддршката за Украина.